Test Ride
Arrow Закажете сервис
Test Ride
Arrow Закажете тест возење
Brochure
Arrow Каталози
Dealer
Arrow Локација
19.05.2024

ПРЕМИЕРА: Honda конечно го претстави новиот европски Civic!

Со воведувањето на новиот Civic, Honda целосно ќе ја електрифицира својата понуда во Европа. HR-V, CR-V и Jazz веќе се нудат како хибридни модели, а тука е и електричниот Honda e. Конечно, со новиот Civic (кој сега за сега ќе се нуди исклучиво во електрифицирана форма), Honda во Европа станува целосно-електрифициран бренд.

Новиот европски Civic доаѓа во форма на хечбек (сега за сега нема најава за седан) погонуван од нов хибриден погон кој комбинира 2-литарски бензинец (кој работи на Аткинсоновиот циклус) со два електромотори и супер-лесна батерија поставена под задните седишта. Според Honda, бензинецот има висока ефикасност од 41%, а хибридниот систем ќе нуди неколку различни режими на возење – Eco, Normal, Sport и Individual. Интересно, возачот нема да може да избере дали автомобилот ќе работи во целосно-електричен режим, хибриден режим или само на конвенционалниот мотор – компјутерот ќе одлучува самиот во зависност од околностите, а сѐ со цел да се добие врвна ефикасност во сите услови.

Хибридниот систем испорачува вкупно 184 коњски сили и 315 Nm вртежен момент, кои ќе се испорачуваат кон предните тркала. Интересно, хибридниот систем има повеќе моќ и вртежен момент од турбо-бензинецот кој се нудеше во минатата генерација. Според Honda, новиот Civic исфрла помалку од 100 грама CO2 на изминат километар, а потрошувачката би требало да биде околу 5 литри бензин на 100 изминати километри.

Инаку, навистина ни се допаѓа како изгледа новиот Civic. За жал, и Honda се вклучува на листата производители кои ги заменуваат завршетоците на издувниот систем со апсолутно непривлечни лажни завршетоци или црна пластика. Сепак, формата е динамична и спортска, со широки предни светла и нагласено-купеовска форма на задниот дел.

Секако, новиот Civic ги добива и сите нови технологиии кои Honda ги нуди – од 10.2-инчен дигитален инструмен панел, па сè до нов мултимедијален уред со Apple Carplay и Android Auto, врвни системи за активна и пасивна безбедност, и многу, многу повеќе. Според најавеното, новиот Civic би требало да има и рекордна просторна понуда во сегментот, благодарение на зголеменото меѓуоскино растојание.

Configurator
Закажете сервис
Закажете сервис за Вашата HONDA
Дознај повеќе
Book a test drive
Закажете тест возење
Закажете тест возење со Вашата омилена HONDA
Дознај повеќе
Dealers
Локација
Изберете го салонот или сервисот кој е најблиску до Вас
Дознај повеќе
Brochure
Каталози
Превземете ги актуелните каталози
Дознај повеќе