Test Ride
Arrow Закажете сервис
Test Ride
Arrow Закажете тест возење
Brochure
Arrow Каталози
Dealer
Arrow Локација

ОВА НЕ Е ПРОТОТИП


Ви го претставуваме нашиот прв целосно електричен урбан автомобил. Honda e
е остварен сон со својата единствена комбинација на динамични перформанси,
рафинирана удобност и футуристички технологии, направен да овозможи
исклучително искуство во возењето.

8,3 секунди
0 → 100 km/h
до 222 km
автономија
31 минута
брзо полнење*


*Времето на полнење се мери од индикаторот за испразнетоста на батеријата
до 80% од капацитетот, на полнач од 50 kW

Новата Honda e е иновативно електрично возило направено за во град и околу него. Откријте ги нејзините перформанси и удобноста на новиот начин на возење што ви го нуди.

ЗДРАВО УБАВИЦЕ



Најсовремените технолошки иновации спакувани во прекрасен, едноставен дизајн.
Скриените рачки на вратите ги надополнуваат чистите линии на Honda e. Многуте нејзини иновативни решенија,
како што се Honda Parking Pilot* системот и страничните камера-ретровизори
ви помагаат во возењето низ град.

ЖИВЕЈТЕ ГО ЖИВОТОТ ВО БОЈА






ДОБРЕДОЈДОВТЕ! Во внатрешноста на модерната патничка кабина ве пречекуваат фини на допир површини и рафинирани материјали. Ненападниот и едноставен дизајн обезбедува максимална пространост и целосен комфор.
ВАШИОТ ДИГИТАЛЕН СВЕТ Уникатната дигитална инструмент табла ве одржува информирани, релаксирани и поврзани со работите што ги сакате, овозможувајќи ви интуитивна контрола врз низата интелигентни апликации и услуги. Приказите на екраните можете и да ги персонализирате за максимално задоволство за време на вашите патувања.
ВАШИОТ ПРОСТОР Honda e е компактен електричен урбан автомобил направен да биде простран. Има доволно простор за четири возрасни лица. Задните седишта се преклопуваат со што се овозможува да добиете уште повеќе простор кога ви треба.
НЕКА БИДЕ СВЕТЛО! Веќе пространа, Honda e доаѓа со панорамски стаклен покрив кој овозможува уште повеќе светло во кабината.

НЕЈЗИНАТА СИЛА ВО ВАША СЛУЖБА


Honda e има динамика на спортски автомобил. Електричниот мотор
од 154 KS и вртежен момент од 315 Nm овозможува забрзување
од 0 до 100 km/h за 8,3 секунди. Новата Honda e е направена
да ви овозможи исклучително возачко искуство.




Погон
на задните тркала
8,3 секунди
0 → 100 km/h
До 154
KS

НАПРАВЕНА ЗА ГРАДОТ



Инженерите на Honda посветија посебно внимание на подобрувањето на динамиката
на возење за да овозможат забавно и привлечно возачко искуство.
Водено ладените батерии се поставени под подот и централно меѓу оските,
обезбедувајќи распределба на тежина во сооднос 50:50 и ниско тежиште
за оптимални возни својства и стабилност на возилото.

50:50
распределба на тежината
Ниско
тежиште
4,3 метри
радиус на вртење

Се погриживме за вас


Honda SENSING системот ви става на располагање сеопфатен пакет технологии
за безбедност и помош на возачот.

Адаптивен темпомат со автоматско запирање
Одржува безбедно растојание од возилото пред вашето автоматски забрзувајќи, забавувајќи, запирајќи и повторно тргнувајќи.
Систем за задржување во коловозната лента
Го одржува автомобилот на средина на коловозната лента нежно корегирајќи ја траекторијата на движење со управувачот.
Предупредување за возило во мртвите агли
Менувајте ги лентите безбедно со звучни и визуелни предупредувања за возилата скриени во мртвите агли.

Полнење на батериите


Полнењето на батериите на Honda e е без напор благодарение на тоа што приклучокот на полначот
е поставен централно на хаубата и е лесно пристапен од двете страни на автомобилот.

ЈАВЕН ЕДНОНАСОЧЕН ПОЛНАЧ
CCS2 50 kW
ЈАВЕН НАИЗМЕНИЧЕН ПОЛНАЧ
TYPE 2 6,6 kW
ДОМАШЕН НАИЗМЕНИЧЕН ПОЛНАЧ
TYPE 2 6,6 kW
Комфорт и технологија
Напредната технологија го прави новиот Jazz повеќе од кога и да е прилагоден на модерната средина за возење. Бевме инспирирани од овој наш модел како производ кој има моќ да го надгради секојдневниот живот на оние кои го користат.
Muted
Configurator
Закажете сервис
Закажете сервис за Вашата HONDA
Дознај повеќе
Book a test drive
Закажете тест возење
Закажете тест возење со Вашата омилена HONDA
Дознај повеќе
Dealers
Локација
Изберете го салонот или сервисот кој е најблиску до Вас
Дознај повеќе
Brochure
Каталози
Превземете ги актуелните каталози
Дознај повеќе